Поранешниот заменик на турскиот премиер, кој важи за еден од клучните луѓе во Партија за правда и развој на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Али Бабачан ја напушти партијата.
Ваквата одлука Бабачан ја донел поради несогласувања околу принципите, вредностите и партиските идеи.
Светските агенции пренесуваат дека тој планира да формира партија заедно со поранешниот претседател Абдула Ѓул, но и со други кои не биле задоволни од владеењето на Ердоган.
Бабачан во минатото беше министер за економија и за надворешни работи.