Астронаути од пет вселенски агенции деновиве се обучуваат во пештерите на Словенија за вселенските мисии во рамки на програмата КАВЕС на Европската вселенска агенција.
Астронаутите ги испитуваат подземните системи, вршат научни експерименти длабоко под земјата и ги планираат и документираат своите активности, пренесува словенечката агенција СТА.
Според Европската вселенска агенција, обуката на астронаутите кои доаѓаат од агенцијата, рускиот Роскомос, канадската и јапонската вселенска агенција и НАСА (двајца астронаути) започнала во средата.
На 20 септември тие ќе го започнат својот шестдневен престој во Лепа Јама, пештера во областа Кочевје на југ, каде што ќе ги истражуваат подземните води.
Пештерата води кон лавиринт на премини, кои астронаутите ќе мора сами да ги истражуваат, бидејќи нивната комуникација со тимот на површината ќе биде многу ограничена.
Претставничката на Европската вселенска агенција која ја дизајнираше програмата, Лоредана Бесоне, смета дека таквата симулација е најблиската можна околина што може да се најде на Земјата до „еколошките, психолошките и логистичките ограничувања на вселенската мисија“.