Црногорската полиција синоќа ги повикала на сослушување во Никшиќ епископот на СПЦ, Јоаникие и уште седум свештеници за организирање на литија – молитвена поворка на свештеници и граѓани, со што е прекршена забраната на црногорската влада за собири поради епидемијата на коронавирус.
Додека свештениците давале изјава во полициската станица Никшиќ, неколку стотици граѓани се собрале пред зградата, пеејќи црковни песни и песни за Косово, извикувајќи „Нема ги даваме светилишта“ и „Не го даваме владиката“, додека пред нив стоеле полицајците со полна опрема.
Според црногорските медиуми, владиката Јоаникие, инаку еден од најблиските соработници на митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохие, им се обратил на насобраните пред да влезе во полициската станица и ги замолил да си заминат да не ги навредуваат полицајците.
Амфилохие и Јоаникие ја водеа традиционалната литија на улиците на Никшиќ по повод денот на Свети Василие Острошки, на која присуствуваа неколку илјади граѓани. Молитвата, според митрополитот на Српската православна црква, требала да се одржи во црквата, но кога виделе колку верници се собрале, „не можеле да се откажат од литијата“.
Директорот на црногорската полициска, Веселин Вељовиќ вели дека Српската православна црква ја прекршила одредбата со која се забрануваат верски собири и тој им се заканил на организаторите дека ќе бидат гонети.
– Секој што не се придржуваше до договорот и ветувањата што и ги дадоа на полицијата, ќе сноси одговорност и последици кои што произлегувата од тоа – објави Вељовиќ на Твитер.