Член на анархистичката група Рубикон е уапсен откако активисти на оваа анархистичка група ја нападнале со боја Амбасадата и Конзулатот на Франција во Атина.
Електронското издание на весникот „Катимерини“ јави дека уапсените најверорајно се дел од вкупно 130 лица кои од време на време учествуваат во такви акции.
На анархистичка интернет страница групата објави дека нападот бил израз на незадоволство поради француската интервенција во Сирија, како и солидарност со работниците кои штрајкуваат низ целата земја.