Со бои, летоци и предмети, околу 10 члена на анархистичката група „Рубикон“, ја нападнаа зградата на општината Алимос во јужниот дел на Атина.
Според грчките медиуми, по нападот што бил вчераутро, беа приведени две лица, а причинета е материјална штета на објектот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, преку соопштение на анархистички сајт, од „Рубикон“ детално и опширно објаснуваат дека причината за нападот било тоа што на 16 ноември, возач на општинската комунална служба го загубил животот, додека бил на работното место, под неразјаснети околности, но и дека „во изминатите три години речиси 50 вработени во општините го загубиле животот, а околу 150 биле повредени, многу од нив сериозно, а причините се јасни“.
– Денешната активност е во рамките на првиот светски ден на акција во кој учествуваме заедно со други анархистички и автономни групи од 15 земји во над 60 града од целиот свет – велат од „Рубикон“ на крајот од соопштението.