Полицијата од албанскиот град Лежа, на патниот правец Фуш Круја-Мамурас, заплени 200 килограми марихуана и четири литри масло од хашиш.
Во рамки на акцијата, која следувала по неколкунеделна истрага биле запленети и еден пиштол и куршуми за него, две возила и четири мобилни телефони. Уапсени се четири лица на возраст од 32 до 54 години, сите од градот Круја.
Полицијата продолжува со истрагата со цел откривање и на други лица внешани во оваа криминална активност.