Албанската гранична полиција ги зајакна контролите долж границата со Грција, поради зачестените обиди за влез на илегални мигранти.
– Зголемен е бројот на патролите во подрачјето на Девол, каде во последно време се почеста е појавата на влез на мигранти од блискоисточните земји, кои од Грција, преку зелениот појас, преминуваат на албанска територија – соопшти полициски претставник.
Според истиот извор, мигрантите се главно од Сирија и Ирак, а во помал број и од Пакистан, Алжир, Јемен и Либија.