Во последните две недели во Албанија се евидентирани 55 кривични дела за корупцијата и злоупотреба на службената положба од страна на носители на јавни функции.
Министерката за правда, Етилда Ѓонај изјави дека кривична постапка е почната за 80 лица, при што 11 се во притвор, додека 69 се бранат од слобода.
-Меѓу оне кои заработија кривична пријава е и еден професор од Факултетот за информатичка технологија на Универзитетот во Валона, кој во медиумите беше посочен дека земал поткуп за положен испит – истакна Ѓонај, која е координатор на Антикорупциската комисија.
Таа упати апел до сите студенти и професори да го пријават секој случај на корупција во образовниот систем, не само за да се спречи корупцијата, туку и за да биде казнет секој „кој врши корупција со иднината на студентите“.
Истовремено, врз основа на извршената контрола, според Ѓонај, изречени се и 13 дисциплински мерки, од нив две со престанок на работниот однос.