Албанското Министерство за одбрана објави тендер за продажба на стари авиони, бродови и блиндирани возила за старо железо.
Тие се поделени во четири категории, а почетната цена со која тие излегуваат на продажба е околу 166 милиони леки или нешто повеќе од 1,5 милиони евра.
Предметите кои се на продажба како старо железо се бродови, авиони, блиндирани возила, агрегати. Подигнувањето од магацините каде што предметите за продажба се наоѓаат ќе се изврши по завршување на тендерот, но откако прeтходно ќе бидат демонтирани.
Во првата категорија се „блиндирани воени возила и делови за нив“ од метал и челик со почетна цена од 78,6 милиони леки.
Во втората категорија „возухопловни средства“ од метал, челик и дуралуминиум, 150 тони и почетна цена од 21 милион леки.
Во третата категорија се „ пловни објекти и опрема“ од челик, во помала количина бронза и алуминиум, во вредност од 27 милиони леки, додека последна категорија се агрегати и други воени средства од челик, бакар и алуминиум со почетна цена на наддвањето од 38,5 милиони леки. Во сите случаи не е пресметан ДДВ.
Понудите се доставуваат до 22 октомври.