Во Грција стапи на сила претседателскиот декрет за затворање на заливот во Јонското Море и воспоставување на погранични линии.
Пограничните линии се воспоставуваат долж брегот и островите во Јонското Море до Ртот Таинаро на Пелопонез, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.
Претседателскиот декрет е издаден по воспоставувањето на законот со кој е ратификувана Конвенцијата за законите на морињата на ОН од 1982 година и е неопходна мерка за проширување на територијалните води во споменатите делови на Грција.
Грција е целосно посветена на меѓународните правни акти, вклучително и на Конвенцијата за законите на морињата во согласност со меѓународните правни норми, се наведува во официјалното соопштение, пренесе АНА.