Шестмина Срби, цивили, кои во Зубин Поток беа уапсени од страна на специјалните единици на Косовската полиција се ослободени, јавија косовските медиуми на српски јазик.
Како што дознава „Радио Контакт плус“, тројца од нив биле примени на клиника во Северна Митровица поради повреди здобиени за време на полициската акција на косовските специјалци на Зубин Поток.
Порталот „Коссев“ јави дека предлогот за одредување на мерка притвор за шестмината Срби бил одбиен како неоснован.