Во целиот регион на Западен Балкан на првиот ден од новата учебна година се забележува намалување на бројот на деца во основното образование, со исклучок на Србија, каде што бројот на ученици е незначително зголемен. Во Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и на Косово вчера во училишните клупи седнаа околу 165.000 деца.
Во Хрватска наставата годинава ќе ја посетуваат над 320.000 ученици, а има петстотини првачиња помалку во споредба со лани, кога имало околу 30.000.
Годинава во прво одделение во основните училишта во Србија ќе тргнат околу 67.000 деца, што е блиску на минатогодишната бројка од 66.500. Во Босна и Херцеговина годинава во прво одделение ќе тргнат помалку деца. Бројот на првачиња е намален за 1.000 во однос на лани. Намалување има и во ентитетот Република Српска, каде што настава ќе посетуваат 9.500 ученици. Во цела Босна и Херцеговина годинава има 19.000 првачиња, што претставува продолжување на трендот на ученици. Во БиХ пред пет години во училиште тргнале повеќе од 22.000 првачиња.
Вчера новата учебна година почна и за повеќе од 100.000 ученици во Црна Гора. Во прво одделение се запишани околу 7.000 деца.
Намалувањето на бројот на ученици во Косово изнесува околу 5.000 во споредба со лани. Годинава наставата во косовските училишта ќе ја посетуваат повеќе од 21.000 ученици, објави телевизијата Н1.