Заменикот на косовскиот премијер Енвер Хоџај смета дека нема потреба од понатамошно присуство на мисијата на Унмик заоа што, како што тврди, Косово е стабилно.
On intl’ day of peacekeepers,grateful to UN troops for contribution on building a multiethnic &democratic #Kosovo.Peacekeepers are needed in conflict zones,but UNMIK is unnecessary as Kosovo is a stable country.UNMIK’s mission should be terminated & its budget allocated elsewhere
— Enver Hoxhaj (@Enver_Hoxhaj) May 29, 2018
– Миротворците се потребни во зоните на судири, но постоењето на Унмик на Косово сега е непотребно, затоа што во земјата постои одржлива стабилност. Мисијата на Унмик би требало да заврши и нејзиниот буџет да се распредели на друго место, напиша Хоџај на Твитер.
Хоџај и претходно изјавуваше дека треба да се укине мисијата на Унмик на Косово.