Мисијата на ЕУ во Косово за владеење на правото ЕУЛЕКС, од идниот месец ќе добие советодавна улога, најави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај.
Харадинај денеска имаше средба со раководителката на ЕУЛЕКС, Александра Пападопулу, со која разговарал за улогата на Мисијата по 15 јуни, кога истекува нејзиниот сегашен мандат.
Во 2008 година, кога Пришина прогласи независност од Србија, ЕУЛЕКС доби задача да му помага на Косово на патот кон европските интеграции и во изградбата на судскиот систем, полицијата и царината.