Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, утре ќе замине во Хаг со цел, во својство на осомничен, да даде изјава пред обвинителите на Специјалниот суд за воени злосторства, пренесуваат косовските медиуми.
Тој веќе в среда би требало да се појави пред обвинителите на Специјалниот суд.
Истиот ден ќе биде испрашан и поранешниот портпарол на Главниот штаб и поранешен претседател на косовското собрание, Јакуб Красниќи.
Уште не е познато во кое својство Красниќи ќе се појави пред судот, дали како сведок или како осомничен, пренесе новинската агенција „Онаса“.