Албанија и Европската Унија потпишаа договор за соработка помеѓу Тирана и Фронтекс, европската погранична агенција, за заедничка гранична управа.
Целта на овој договор е да се подобрат контролите на надворешните граници на Европската Унија во контекст на политичка криза поради илегалните миграциски текови кон ЕУ.
Со овој договор европската гранична служба ќе може да презема мерки на албанските граници како и на оние на нејзините соседи, но ЕУ ќе може да интервенира и на албанска територија, под услов Албанија да се согласи.
-Миграцискиот и безбедносниот предизвик не застанува на нашите надворешни граници, а не треба ни ние да застанеме – изјави еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос и додаде дека се надева дека ова ќе го отвори патот за поголема соработка со целиот западнобалкански регион.