Грчката полиција рано вчераутро започна голема полициска акција во објекти кои беа под опсада во атинската населба Ексархија, во која биле приведени над 90 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Неофицијално, во објектите имало лица поврзани со трговија со дрога. Ексархија, што се наоѓа во поширокиот регион на центарот на Атина, важи за собиралиште на анархисти, но е и населба во која се движат и трговци со дрога.
Минатата седмица, во Ексархија, група маскирани лица, веројатно анархисти, нападнаа службеници на грчката крајбрежна служба и обвинители за време на нивната истрага за случај со дрога.
Во полициската акција, која е во тек, учествуваат полицајци од различни служби на грчката полиција.