Потврден е третиот случај на заболен со коронарнавирус во Република Српска (РС), објави денес Институтот за јавно здравје на РС.
Министерот за здравство, Ален Сераниќ, рекол дека третиот заболен има благи симптоми на вирусот и дека ќе бидат тестирани членовите на неговото семејство.
Станува збор за лице кое патувало од Италија во автомобил со маж и неговиот малолетен син кои се првите два случаи на заболени во Босна и Херцеговина.
Сераниќ рекол дека нема простор за паника.