Бугарската полиција уапси девет лица за време на судири меѓу припадници на безбедносните сили и група демонстранти во бугарскиот град Габрово.
Како што соопшти директорот на бугарската полиција Христо Терзиски, при судирите полесно е повреден и еден полицаец.
До судирите дојде за време на синоќешниот собир на меѓу 800 и 900 жители на Габрово, кои протестираа во знак на незадоволство поради инцидентот во кои три лица, по националност Роми, претепаа вработен во продавница.
Како што јави БГНЕС, протестот започнал мирно, но по околу два часа дел од демонстрантите, пред се лица на возраст меѓу 20 и 25 години, се упатиле кон ромска населба во центарот на градот скандирајќи „Бугари, јунаци“ и „Душа и срце за Бугарија“, но во тоа биле спречени од полицијата.
Демонстрантите, од кои некои носеле маски на лицата, почнале да фрлаат камења и петарди кон полицајците, кои возвратиле на нападот, по што дошло до судири кои траеле околу половина час.
Во текот на ноќта состојбата во градот се нормализираа.