Европскиот комесар за миграција Димитрис Аврамопулос и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска во Белград потпишаа Договор за активностите на Европската агенција за контрола на надворешните ганици – Фронтекс во Србија.

По потпишувањето на Договорот, Аврамопулос изјави дека документот ќе овозможи Фронтекс во соработка со српската полиција да врши проверка на миграните на границите на Србија, со што ќе се зголеми безбедноста на надворешните граници на ЕУ. 

Стефановиќ од своја страна потенцира дека за Белград е важно да ја гарентира безбедноста на своите граѓани, нагласувајќи дека во време на мигрантската криза во 2015 година, ЕУ се однесувала кона Србија како кон земја членка на Унијата.

Фронтекс

Аврамопулос, претходно во интервју за весникот „Блиц“, посочи дека поптишувањето на договорот меѓу ЕУ и Србија следи по сличните спогодби за Фронтекс, што Унијата претходно ги склучи со Македонија и Албанија и во услови кога преговара за постигнување такви договори и со Босна и Херцеговина и Црна Гора. 

Аврамопулос најави и дека во тек се преговори за изработка на заеднички акциски план меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан за борба против тероризмот. 

Еврокомесарот посочува дека Србија ќе мора својата визна политика да ја усогласи со правилата на ЕУ, што, според него, ќе претставува важен елемент во намалување на илегалното преминување на границите.  

Димитрис Аврамопулос

– Важно е Србија да не одобрува визна либерализација на трети земји, за кои се смета дека претставуваат миграциска опасност и се ризик за безбедноста на сите нас, вели Аврамопулос во интервјуто.

Тој најавува и дека до крајот на годината Европската комисија ќе објави извештај за актуелната состојба и за напредокот во врска со безивизниот режим на сите држави.