Повеќе од 71 припадник на безбедносните сили на Косово од српска националност ја напуштиле оваа единица од нејзиното основање во 2009 година. Но од службата во БСК заминувале и припадници на други националности, пишува „Зери“.
Косовското министерство за одбрана ја потврди информацијата дека од 2009 година до октомври годинава повеќе од 700 припадници ги напуштиле БСК. Од основањето оваа служба се соочува со многу предизвици, а еден од нив беше одговор на дејствувањето од Србија, која беше против формирање на овие сили, што беше и причина лицата од српска националност да заминат од редовите од БСК.

Наредниот месец се навршува една година откога Собранието на Косово донесе три закони со кои БСК доби нови овластувања и дејствува како војска.
Косовските безбедносни сили се основани во 2009 година, врз основа на планот на Ахтисари.


В понеделник договор за нова влада

Државната изборна комисија во Косово, по 52 дена поминати од изборите, ги објави конечните резултати.
Претседателката на ДИК, Валдете Дака, изјави дека движењето Самоопределување има 29 пратеници, Демократска лига на Косово – 28, Демократската партија на Косово 24, коалицијата Алијансата за иднина на Косово и Социјалдемократската партија 13, Српската листа 10, коалицијата Социјалдемократска иницијатива и Алијансата за Ново Косово шест пратеници.
Од партијата Самоопределување, која освои најголем број гласови, соопштија дека очекуваат до понеделник да се постигне договор за владина коалиција со Демократската лига на Косово.