За првпат, пред два дена, бил спречен терористички акт во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.
Радикален 16-годишен тинејџер од Пловдив бил притворен во заедничка операција помеѓу Министерството за внатрешни работи, САНС и обвинителството. Се претпоставува дека момчето имало намера да изврши терористички напад во Пловдив, јави БГНЕС.
Од бугарското Министерство за надворешни работи информираат дека се обидуваат да ги разјаснат мотивите за планираниот напад.
Извори од Министерството за внатрешни работи за БГНЕС изјавиле дека од непознати причини, младиот човек бил радикализиран.