Сопругата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, Уршка Бачовник, која е лекар во болницата во Целје, добила заканувачко писмо со кое се заканувало на неа и нејзиното семејство.
Писмото го добила во болницата каде што е вработена, а случајот бил пријавен во полиција, пренесува порталот „24УР“.
Од болницата, потврдија за порталот дека Уршка Бачовник добила писмо во кое биле упатени закани кон неа и нејзините деца, но било наведено дека тие не можат да коментираат понатаму за случајот.
Полицијата во Целје исто така потврди дека биле свесни за анонимните закани и дека е покрената истрага за случајот.
Ова не е прв случај во Словенија политичките фигури да добиваат закани, пишува порталот и потсетува дека на ѕидот од куќата на лидерот на Словенечката национална партија Змаго Јелинчиќ, непознати лица напишале графити, а дека седиштето на партијата било погодено со моторно масло.
Исто така, на вратата од куќата на министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, некој напишал „лажго“, а на куќата на општинската советничка Весна Фабјан од Шрномеј, некој фрлил молотов коктел.
На почетокот на февруари, непознати сторители нацртаа свастики и напишаа „корупција“ на зградата на Институтот „Искрени“ во Љубљана, а некој во јануари напиша „стаорец“ на вратата на поранешниот словенечки министер за надворешни работи.