Советникот на косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли, Јелтир Зиберај, тврди дека не е точна изјавата на српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, дека Централноафриканската Република не го признала Косово, објави „Танјуг“.
– Тоа не е вистина. Верувам дека сите знаат дека пропагандистот на Милошевиќ со клеветење продолжува со своите неуспешни обиди против Косово – рекол Зиберај за приштинскиот „Телеграфи“.
Дачиќ утринава рече дека ЦАР е 14-та земја која го повлекла, суспендирала или прецизирала својот став да не го признае Косово и покажа официјална нота која рече дека синоќа ја добил од таа држава.