Поради силно невреме на среден Јадран, траектната линија Макарска – Сумартин денеска беше откажана, а попладнево беа откажани и катамаранските линии Сплит-Вис, Сплит-Бол-Јелса и Сплит-Хвар-Вела Лука-Убли.
-Во попладневните часови ветрот ќе достигне брзина и до 70 километри на час, што создава повеќеметарски бранови ризични за пловидба, па затоа решивме да ги прекинеме овие линии – рече Јелена Ивулиќ, директорка на агенцијата „Јадролинија“ во Сплит, пренесува „Хина“.
Таа истакна дека тие ги следат прогнозите на метеоролозите и дека врз основа на тоа ќе донесат одлуки кога повторно ќе бидат воспоставени овие линии.