Илјадници поддржувачи на албанската опозиција повторно излегоа на протест на улиците на Тирана, барајќи предвремени избори. За време на протестите најмалку седум полицајци и еден демонстрант се повредени.
Приврзаниците на опозицијата, предводена од Демократската партија се собраа пред зградата на владата и го обвинува премиерот социјалдемократска партија, Еди Рама, за корупција и врски со организираниот криминал. Тие бара негова оставка и формирање привремена влада која ќе владее со земјата до предвремените парламентарни избори.
Лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша рече дека „нивната битка е за слободни и фер избори и за европските вредности“.
За време на говорот на Баша демонстрантите фрлаа факели и запаливи бомби врз зградата на владата. Полицијата интервенираше со водени топови и солзавец кога една помала група на демонстранти се обидоа да се доближат до зградата на парламентот.Министерот за внатрешни работи Сандер Лешај рече дека седуммина полицајци се повредени. Еден демонстрант бил повреден кога петарда му експлодирала под нозете. Протестите на албанската опозиција траат од средината на февруари.