Романскиот претседател Клаус Јоханис побара оставка од министерот за правда Тудорел Тоадер по денешниот извештај на Венецијанската комисија, во кој се наведува дека законските измени во Романија ја ослабнуваат борбата против корупцијата и другите сериозни кривични дела.
– Претседателот Јоханис цврсто го осудува неодговорното однесување на министерот за правда кој, под изговор за спроведување на препораките на Венецијанската комисија, вклучи одредби во вонредната Уредба 92/2018 кои немаат никаква врска со нив и, напротив, најверојатно ќе ја зголеми загриженоста на европските партнери, се наведува во соопштението од Кабинетот на романскиот претседател.
Јоханис потенцира дека тоа е уште еден случај во низата спорни одлуки на Тоадер.
– На овој начин, министерот за правда ја компромитира довербата во себе, што е добра причина да поднесе оставка од финкцијиата, се посочува во соопштението.
Јоханис, исто така, го повика Парламентот да се придржува кон мислењето на Венецијанската комисија и да ги ревидира амандманите на законите за судови и на Кривичниот законик „со цел да се спречи негативното влијание врз правдата и владеењето на правото“.