Агенцијата за криминално разузнавање на Европската Унија – Европол, разбила организирана криминална мрежа, составена претежно од криминалци што зборуваат албански јазик, поради трговија со дрога.
На 13 јули биле уапсени 107 лица, а агенциите за спроведување на законот во Шпанија, Германија и Албанија учествувале во акцијата за апсење, се наведува во соопштението на Европол.
Се верува дека криминалната група управувала со насади со канабис во Шпанија, каде што одгледувале и преработувале марихуана, пред да ја пренесат во други европски земји за понатамошна дистрибуција.
На денот на акцијата, околу 400 полицајци на терен извршија истовремени рации на 42 различни локации во Шпанија, а неколку дена подоцна беа извршени уште девет дополнителни претреси.
Како резултат на акцијата, уапсени се 107 лица, меѓу кои има државјани на Албанија, Шпанија, Словачка и Грција, откриени се 51 фарма за канабис, а запленети се 70.000 евра во готово и две возила.