Грчките работници на траекти утрово почнаа штрајк поради кои илјадници туристи и патници не можат да дојдат до своите дестинации.
Работниците најавија 24-часовен бојкот по неуспешните преговори во врска со барањата за повисоки плати и други бенефиции. Штрајкот би можел да биде и пролонгиран, изјавил претставникот на државниот синдикат, Антонис Далакогиоргос, а пренесе хрватски „Индекс“.
Колапсот во сообраќајот би бил многу поголем доколку штрајкот не беше најавен, а продажбата на билети не беше прекината, но сепак многумина не успеале да го надминат проблемот поради откажаната работа на траектите, бидејќи станува збор за почеток на ударниот период од летната сезона.
Грција е популарна дестинација за одмор, а нејзиниот брег и островите ги посетуваат милиони гости.