Хрватска
Хрватската држава почнува нов бран приватизација како услов за воведување на еврото, наместо националната валута куна. Владата изработи акциски план за влез во еврозоната со кој се обврзува дека ќе ја забрза продажбата на своите удели во државните претпријатија.
На продажба ќе се најдат 90 претпријатија, кои ќе се продаваат во три круга. Првата приватизација ќе се спроведе во септември годинава, втората до крајот на годината, а третиот круг на почетокот на 2020 година.
Предмет на продажбата ќе бидат уделите во претпријатијата во кои државата има симболично учество во акционерскиот капитал, а во некои тие се и помалку од еден отсто. Во првиот пакет за продажба ќе се најдат туристичките претпријатија.
Процените се дека од продажбата на еден отсто од уделите во една од хотелските групации државата може да оствари приход од 19 милиони куни. Од компаниите во кои државата имал мал удел, најмногу приходи можат да се остварат од продажбата на акциите во хрватскиот телеком. Државниот дел во оваа фирма изнесува околу 1,5 отсто, а според сегашната пазарна вредност тие би изнесувале околу 200 милиони куни.
Во оваа фаза од приватизацијата нема да се најдат компаниите во кои државата е сопственик со повеќе од 15 отсто од капиталот, како што се „Подравка“, „Кроација осигурување“, пристаништето во Риека, „Петрохемија“… Иако тие не се фирми од посебен државен интерес, нивната продажба ќе биде одложена за други времиња.
Исто така, нема да се приватизираат ни поголемите компании како што се ХЕП, ХАЦ и „Хрватските пошти“.