Судот во Приштина им одреди 30 дена притвор на 30 полицајци и цивили, коишто беа уапсени во операцијата на Специјалната полициска единица РОСУ на северот на Косово на 28 мај. Ова го потврди еден од бранителите на притворените, адвокатот Небојша Влајиќ.
Тој за порталот Коссев рече дека Основниот суд во Приштина, на предлог на обвинителството, донел решение за притвор за 30 лица, меѓу кои има 16 Албанци, 11 Срби и тројца Бошњаци.
За време на акцијата беа притворени 19 полицајци за злоупотреба на функцијата, организиран криминал, кримчарење, земање поткуп… Во текот на вчерашниот ден беа уапсени уште тројца припадници на полицијата. Сите се суспендирани од работните места.
Беа уапсени и десетмина граѓани кои ја попречувале полициската акција, од кои шестмина беа пуштени да се бранат на слобода.