Дефект во високонапонски трансформатор во трафостаница во северниот дел на Атина, предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија и создаде сериозни проблеми во северното и јужното предградие, но и во центарот на градот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, за помалку од еден час Противпожарната служба на Грција примила над 100 повици за спасување на луѓе заглавени во лифтови, а на голем број улици и булевари се создаде комплетен хаос пореди неработењето на семафорите, а во прекин беше една линија на атинското метро.
Според дел од грчките медиуми прекинот на струја се должи на мала експлозија во трафостаница, но за оваа информација нема официјална потврда од грчката јавна корпорација за енергетика. Оттаму за медиумите во Грција, наведоа дека се очекува до попладневните часови да се санира дефектот.