Попладнево околу 13 часот избувнал пожар во станбена зграда во центарот на Белград.
Во инцидентот, со тешки изгореници се здобило 15-годишно девојче кое најпрво било пренесено во Ургентниот центар, а потоа требало да биде пренесено на Клиниката за изгореници и пластична хирургија.
Според српски „Телеграф“, девојчето некое време викало за помош од терасата и врескало.
– Ужас. Гледате и не можете да помогнете. Дојдоа работниците и се качија на деветтиот кат, па ја спуштија од десетти на деветти. Се слушна нешто налик на експлозија, сè пукаше – рекол еден од сведоците.
Причините за пожарот сè уште не се познати, а на самото место пристигнале итна помош и пожарникари. Делови од покривот паднале, известуваат репортерите на „Телеграф“ од теренот.
Пожарот избувнал во стан на 10-от кат од зградата, а станарите биле евакуирани.