Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, изјави дека повеќе од пет милиони граѓани од Западен Балкан емигрирале во ЕУ во последните седум години и процени дека овие демографски трендови се најдобриот показател за реалните тежнеења и потреби на граѓаните.
– Европа и Западен Балкан се менуваат демографски, со оглед дека само во 2018 година речиси 230.000 граѓани мигрирале легално во ЕУ, а во последните седум години мигрирале повеќе од пет милиони граѓани – или една четвртина од вистинскиот број на население – рече Брегу.
Според неа, овие бројки се уште повисоки кога станува збор за младите. Иако 61 процент од младите ја поддржуваат интеграцијата на регионот во ЕУ, тие не губат време.
Таа ги пренесе податоците од Балкански барометар, според кои 35 проценти од младите во регионот се невработени, што е двојно поголема стапка на невработеност од онаа во ЕУ, додека 62 проценти сакаат да заминат на работа во странство.