Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина ја прифати програмата за распределба на средствата наменети за развој на туризмот, со која се одобруваат 50.000 конвертибилни марки наменети за санирање на пештерата на Тито во Дрвар.
Со оваа програма се опфатени проекти од големо значење на ФБиХ со цел зачувување на брендираните туристички места и заштита на домашниот туристички производ, пренесува „Фена“.
Градоначалникот на општината Дрвар поднесе барање до федералната влада за помош за санација на Титовата пештера, која е во рамките на спомен-комплексот „25 мај“. Со одобрените средства ќе бидат отстранети штетите кои настанаа со поројните дождови.