Подгорица – Од почетокот на годината во Црна Гора има повисоки акцизи за етил алкохол, газирани пијалаци, цигарите, фино режен и нережен тутун и за јагленот. Акцизите за етил алкохол се повисоки за 1,25 илјада евра на 1,5 илјада евра по хектолитар. Акцизите за газирани пијалаци се зголемуваат на 30 евра по хектолитар, на тутунот на 40 евра за килограм, за јагленот од 15 на 30 центи за гигаџул бруто-топлинска вредност. Специфичната акциза на цигарите на 33,50 евра на илјада парчиња цигари. (РТЦГ)

Белград – Владата на Србија во наредните пет години ќе вложи половина милијарда евра во изградба на спортски објекти. Инвестициите во спортската инфраструктура во рамките на програмата „Србија 2025“, кој ја промовираше лично српскиот претседател Александар Вучиќ. Со оваа програма се предвидени изградба на национален стадион во Белград и нови фудбалски стадиони во Суботица, Лозница, Лесковац, Зајачар, Краљево, Крушевац, Врање, Сремска Митровица и Нови Пазар.
– Денеска имаме 265 отсто повеќе медали на годишно ниво отколку во периодот од 2000 до 2014 година. Со вложувањата во спортската инфраструктура, државата вложува во здравјето на граѓаните во сите региони на Србија – изјави Вучиќ.
(„Новости“)


Бисер балкански

Феминизам по потреба

– Не знам како мисли поранешната претседателка на Република Хрватска да се бори за правата на жените и децата. Кога ја молевме да го поддржи феминизмот и да се изјасни како феминистка, таа го одби тоа. Во текот на нејзиниот мандат покажа малку слух за жените и за децата што се жртва на насилството и не се одзва на повиците за соработка, кои беа испраќани од иницијативата „Спаси ме“, која се бори за превенција од насилство во семејството, како и над жените и децата. Ова е лична навреда за нас и нејзината изјава е лицемерна, лажна, бескрајно навредлива за првоборките на ова поле – Јелена Вељача, позната колумнистка, продуцентка и активистка за правата на жените, во врска со изјавата на актуелната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ, за тоа дека по завршувањето на претседателскиот мандат ќе се посвети на заштита на правата на жените и децата.