Панорама / Споменици од втор ред

Љубљана – Во Словенија, во последните 24 часа беа потврдени 2.139 нови инфекции со коронавирус од 7.003 теста, а 38 пациенти починаа како последица од ковид-19. Уделот на позитивни меѓу тестираните е зголемен на 30,54 проценти во споредба со претходниот ден. Бројот на дневно потврдени инфекции е шести најголем во еден ден регистриран од почетокот. („Дело“)

Атина – Вработените во сите грчки национални и локални телевизии, во сите канали на државната телевизија, радиото и интернет-страницата на ЕРТ, во државната новинска агенција АНА-МПА, како и вработените во Генералниот секретаријат за медиуми, стапија во 24-часовен штрајк поради новиот предлог-законот на Владата. Во Грција до вчера до 18 часот не се емитуваа вести на телевизиите, ниту пак информативни емисии. (АНА-МПА)

Подгорица – Од вчера во Црна Гора се донесени нови мерки насочени кон сузбивање на пандемијата на ковид-19. Забраната за напуштање на домот трае од 22 до 5 часот наутро. („Вијести“)


Бисер балкански

Споменици од втор ред

– На меморијалната плоча на гробницата во која почиваат Ѓуро Ѓаковиќ, Иво Лола Рибар, Иван Милутиновиќ и Моша Пијаде е напишан навредлив графит „Титови усташи“. Тој што го напишал, покрај безобразлукот го покажува и елементарното незнаење, затоа што четворицата херои беа противници на усташкото и фашистичкото движење. Уште повеќе загрижува игнорантскиот однос на надлежните. Има две причини за тоа зошто надлежните ги занемаруваат спомениците од периодот на социјализмот. Прво, тие сведочат за времето во кое се живееше подобро од власта на напредњаците. Вториот е што тие не се вклопуваат во кичестото украсување на Белград, кое со години се практикува од градската власт – напиша Гојко Влаовиќ, новинар во „Данас“, во коментарот насловен „Споменици од втор ред“.