Софија – Во Бугарија е откриена група за шпионажа што ѝ пренесувала класифицирани информации на Русија. Подготвивме материјал во кој се собрани многу малку докази, нагласи на вонреден брифинг портпаролот на главниот обвинител Сијка Милева. Според јавниот обвинител, случајот е неспоредлив во поновата историја од 1944 година. Тој им се заблагодари на Државната агенција за национална безбедност и на Военото разузнавање за откривањето на групата.
Водач на групата е поранешен висок функционер на Воената разузнавачка служба, кој завршил воено образование во Бугарија и во странство, како и разузнавачко училиште во Москва, познато како ГРУ. („Независен“)

Сараево – Москва ја предупреди Босна и Херцеговина дека нејзиното конкретно приближување на членство во НАТО-пактот би претставувало „застанување на едната страна“ во сегашната конфронтација со Западот и чин на непријателство кон Русија, што би предизвикало последици, објавија во четвртокот тамошните медиуми.
„Русија во случај на практично приближување на БиХ и НАТО ќе биде присилена да реагира на таквиот непријателски чекор“, стои во изјавата на руската амбасада во Сараево. („Аваз“)

Загреб – Во изминатите два дена во Хрватска бројот на инфицирани со ковид-19 е над 1.000 луѓе, но, според локалните медиуми, нема да има ново затворање, туку поригорозни мерки по жупании. Кризниот штаб ќе препорача жупаниските штабови да преземат поголема одговорност во донесувањето конкретни мерки, во нивното спроведување и во казнување на тие што не ги почитуваат мерките. („Индекс“)


Бисер балкански

Награда за вакцинираните работници

– Денеска исплатив три работници што се вакцинираа. Важно е да се стимулираат што поголем број луѓе за вакцинација и да се наградат оние што се свесни за влијанието на пандемијата, како на нивниот личен живот, така и на економијата и производството. Секој работник што ќе се вакцинира добива парична награда од 6.000 динари за лица до 40 години, а за постарите од 40 години по 4.000 динари. Сето ова е на доброволна основа. Знаејќи дека младите потешко се одлучуваат да примат вакцина, намерно го зголемив тој праг во однос на постарите вработени – вели Богољуб Миленовиќ, директор на фирма од Параќин.
Оваа „субвенција“ за вакцинирање ја вовел поради претходните застои што ги имал во производството, поради тоа што му се разболеле неколку вработени, кои морале да бидат отсутни неколку дена од работа, заради лекувањето и самоизолацијата, пишува „Блиц бизнис“.