Потрагата започнала откако се појавила снимка од опасна дива мачка, која се покажала дека е автентична
Полицијата во Унгарија интензивно трага по опасно животно во областа Кишкунхалаша, град недалеку од границата со Србија.
Според медиумите, тоа место е на само 40 километри од Суботица.
Се трага по животно кое било во заробеништво, а се претпоставува дека се работи за црн пантер, соопшти полицијата.
Потрагата започнала откако се појавила снимка од опасна дива мачка, која се покажала дека е автентична.
Експертите појаснија дека ова опасно животно сака да се храни со мачки, кучиња и ситен добиток, дека лесно се крие и може да биде непредвидлив.