Кoсово

Како последица на протекувањето доверливи податоци од истрагите за поврзаноста на голем број припадници на ОВК, меѓу кои и нејзини основачи и водачи, вчера оставка поднел заменикот на главниот меѓународен обвинител, Кваи Хонг Ип, тврди „Газета експрес“, повикувајќи се на сопствени извори во Хаг, каде што се сместени Трибуналот и Обвинителството.
Истражители на Трибуналот вторпат извршиле претрес во просториите на ветеранската организација на ОВК во косовскиот главен град и заплениле класификувани документи, кои таму ги доставиле маскирани лица. Засега сѐ уште не е познато кој и со каква цел ги доставил документите, но извесно е дека се работи за оригинални досиеја, кои содржат детали со податоци од досегашните истраги и со имињата на сведоците што биле испитувани.
Илјадници документи на Специјалниот суд за Косово, со доверливи информации за досегашниот тек на истрагите за воени злосторства во последната војна во Косово, се предадени од страна на маскирани лица во два наврати, во Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ на ОВК).