Косово
Од војната до денеска во Косово има повеќе од 400 нерешени убиства, а за најновиот случај на тројното убиство во Глоѓане сѐ уште не е познат извршителот. Косовската полиција ангажираше голем број службеници, но досега никој не е уапсен.
– Косовската влада, Министерството за внатрешни работи, косовската полиција и косовската разузнавачка служба треба да се сметаат за солидарно одговорни за немањето резултати во откривањето на убиствата во Глоѓане, кај Дечани. Секое убиство мора да се реши, а посебно убиство на два ученика и возачите – изјави Хикмете Бајрами, пратеничка од демократскиот фронт на Косово и поранешна министерска за финансии.
Три дена по тројното убиство сѐ уште нема осомничени лица, не е познат ниту мотивот за ова злосторство. Полицијата ги повика граѓаните да достават какви било информации поврзани со овој трагичен настан. Косовската влада понуди и 20.000 евра за лицата што ќе достават информација што ќе доведе до апсење на убиецот.