Грција
Грција го продолжи рокот во кој ќе бидат затворени мигрантските кампови поради страв од ширење на коронавирусот, така што ограничувањата воведени на 21 март ќе важат до 2 август.
Забраната за движење надвор од камповите, воведена на 21 март, е продолжена до 2 август од превентивни причини и да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Министерството за миграција, објаснувајќи дека тоа е неопходно заради зголемениот број на пациенти во земјата.
Во грчките мигрантски кампови нема пријавено смртни случаи од ковид-19, каде што моментално се наоѓаат 31.000 баратели на азил, сместени на пет грчки острови.
Во остатокот на Грција важи обврската за носење маски за вработените и клиентите во супермаркетите, а казните за непочитување на тоа правило се 150 евра.
Со само 194 смртни случаи, Грција избегна голема епидемија на коронавирусот, поради што ги отвори аеродромите за меѓународни летови на 1 јули, додека летовите од Лондон беа воспоставени на 15 јули. Сепак, просечниот број на нови случаи на ден се искачи на 35, од 25 во јуни.