Москва ќе биде подготвена за продолжување на трасата на гасоводот „Турски тек“ кон Европа, дури откако ќе добие гаранции од ЕУ дека и овој проект нема да ја доживее судбината на „Јужен тек“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интревју за весникот „Српски телеграф“.

Лавров нагласува дека рускиот гигант „Газпром“ разгледува две можни варијанти за продолжување на „Турски тек“ кон европските потрошувачи – едната преку Бугарија и Србија, а втората преку Грција и Италија.

– Сега се разгледуваат различни можности за продолжување на гасоводот на европска територија, вклучлитено и по рутата Бугарија-Србија-Унгарија до гасниот чвор во австирскиот Баумгартен, вели Лавров, додавајќи дека Москва ја научила лекцијата од гасоводот „Јужен тек“ и не сака тоа да се повтори.

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен потпк“ од Русија преку Црното Море до бугарскиот брег пропадна, кога Бугарија се повлече од него под притисок од Брисел.

„Турски тек“ исто така треба да минува низ Црното Море, но да завршува во европскиот дел на Турција. Предвидено е овој гасовод да има две линии, од кои едната за снабдување со гас на Труција, а втората за дистирбуција на енергенсот до европските поторшувачи. 


Западот сака да го претвори Балканот во упориште против Русија

Се добива впечаток дека Западот не ги научи лекциите од „украинската трагедија“, па постојат упорни обиди Балканот да се претвори во уште едно воено упориште против Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во интервју за „Српски телеграф“, Лавров нагласува дека на земјите од балканскиот регион „упорно им се наметнува изборот или сте со Москва или со Вашингтон“.

Лавров вели дека врз Белград се врши сериозен притисок со цел да се намали „взаемно корисната соработка со Москва“, но дека „српските браќа на ова храбро се спротивставуваат”, што Русија го цени исклучително. .

– Москва високо ја цени независната повеќевекторска надворешна политика на Србија која одговара на клучните интереси на народот, нагласува Лавров.

Говорејќи за Косово, шефот на српската дипломатија вели дека Москва е подготвена да ги разгледа сите варијанти за решавање на косовскиот проблем, што би биле прифатливи за Белград.

– Нашата позиција за Косово е позната. Таа се потпира на меѓународното право, пред се на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Ние постојано им даваме сеопфатна помош на српските пријатели во напорите за поддршка на легитимните интереси на Србија и билатерално и во меѓународните организации, истакнува Лавров.

Тој додава дека оваа политика Москва ја спроведува и во системот на ОН, Советот за безбедност и во многу други структури, вклучувајќи ги УНЕСКО, Интерпол и Светската царинска организација, потенцирајќи дека Русија „така ќе постапува и во иднина“.

Според него, ако Белград смета дека за Србија е прифатливо некое друго решение, Москва ќе биде подготвена конструктивно да го разгледа.

Коментирајќи го претстојниот состанок во Белград на претседателите на Русија и на Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, Лавров вели дека тогаш ќе бидат разгледани широк круг на прашања.

Тој истакнува дека односите меѓу двете земји достигнале ново ниво на стратешко партнерство, што е видливо и во декларацијата за стратешко партнерство потпишано од рускиот и српскиот претседател во мај 2013 година во Сочи.

Лавров потенцира дека „вистинските братски народи – рускиот и српскиот – ги обединуваат заедничките културни и духовни корени, искрените чувства на пријателство и взаемните симпатии“.

– Од особена важност е и блискоста на сестринските Руска и Српска православна црква, заклучува Лавров во интревјуто.