Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров следната недела доаѓа во Белград и ова ќе биде прва негова посета на една земја по епидемијата на коронавирусот.
Лавров треба да пристигне во Белград на 18 јуни, а негов домаќин ќе биде неговиот српскиот колега Ивица Дачиќ, но главната средба ќе ја има со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Соработката меѓу двете земји на сите полиња и тековните проблеми на Балканот, пред се на Косово, се темите за кои ќе разговараат.