Црна Гора
На списокот на Националното тело за заразни болести се најдоа и имињата на 12 припадници на криминалните кланови од Бар, Херцег Нови и од Подгорица. Некои од нив со месеци не биле во своите места на живеење и сега мора да ја поминат пропишаната процедура на изолација.
Откога почна епидемијата на вирусот во Црна Гора не е забележано извршување тешки кривични дела, во кои како извршители се појавуваат членови на криминалните кланови. Полицијата последните денови врши редовни контроли на лицата со криминално досие, кај кои се пронајдени и оружје, дрога, експлозив, пари и други предмети.