Петгодишниот мандат на Специјалниот суд за злосторства на поранешната ОВК истекува на 30 јуни 2020 година, но портпаролката на судот Ангела Гриеп вели дека мандатот на Хашкиот трибунал ќе продолжи сѐ додека не завршат сите постапки.
– Законот предвидуваше дека мандатот на СВК и СТ ќе продолжи и по тие пет години, сѐ додека Советот на Европската Унија не го извести Косово дека истрагите и постапките пред специјализираните совети се завршени – изјави Гриеп за „Политика“.
Милаим Зека, претседател на Евроатлантската партија, претходно тврдеше дека лидерот на движењето „Самоопределување“, Албин Курти, исто така може да биде повикан на сослушување во Специјалниот суд за злосторства на ОВК.
Зека рече дека Хашкиот суд може да почне 200 обвиненија против поранешни припадници на ОВК.
„Политика“ наведува дека поранешните припадници на ОВК не ги кријат очекувањата од новата влада и Курти да го укинат законот за основање суд во Хаг, доколку тој стане премиер.
Тие го обвинуваат претседателот Хашим Тачи за формирањето на тој суд.