Босна и Херцеговина
Државјаните на Австрија со потекло од Босна и Херцеговина водат постапка за признавање на босанско национално малцинство, за да ги зачуваат своите етнички, културни и други обележја. Оваа иницијатива ја предводи Босанското академско друштво во Австрија, кое е основано во 1994 година и кое смета дека признавањето за национално малцинство ќе значи потврда за вонредниот придонес за развојот на историскиот, културниот и политичкиот живот на Австрија.
Ружица Чубела, раководителка на овој проект, вели дека оваа идејата постои подолго време, а со нејзина реализација активно се почна во кампањата за изборите во Австрија во 2019 година.
– Од една помала левичарска партија во Австрија добивме можност за признавање на нашето малцинство. За жал, тие не го поминаа изборниот праг, но тоа го сметаме за победа на нашиот пат. Оттогаш работиме за активно развивање на стратегијата и за привлекување на луѓето во Австрија со потекло од БиХ – изјави Чубела за „Ал џезира“.
Во Австрија живеат повеќе од 260 илјади луѓе со потекло од БиХ. Босанската заедница е една од најдобро интегрираните малцински групи во австриското општество. Во Австрија има шест признаени национални малцинства: Хрвати, Словенци, Чеси, Унгарци, Роми и Словаци и нивните права се заштитени со Уставот, а тоа значи дека можат непречено да ги негуваат својот јазик и култура и да го зачуваат својот идентитет.