Земјотрес со интензитет од 5,3 степени по Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Грција, соопшти Геолошкиот институт во Атина.
Земјотресот се случил попладнево на околу 132 километри северозападно од Атина и на длабочина од 13,7 километри.
Потресот бил почувствуван и во Атина, а засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.