Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од шест милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриња, објави на социјалните мрежи, премиерот Зоран Заев.
– Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите – напиша Заев.
Тој упати силна поддрша до хрватскиот колега Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот.
– Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите – истакна Заев.