Масовниот антивладин протест, кој почна во 11 часот во Тирана, сепак не минува мирно, како што се одвиваше во првите три часа, јавува МИА.
Инцидент се случи пред Парламентот, кога дел од демонстрантите се обидоа насилно да влезат во законодавниот дом, поради што полицијата мораше да употреби солзавец а потоа и водени топови. Учесниците во протестот фрлаат тврди предмети кон полицискиот кордон.
Состојбата пред Парламентот и понатаму е тензична.
Инаку, демонстрантите се собраа пред Владата, каде со неколку несупешни обиди да се турне железната ограда пред објектот мина мирно, со барање за оставка на премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе предвремени парламентарни избор.
Поддржувачите на опозицијата овој пат ја обвинуваат Владата за корупција и организиран криминал.
САД и ЕУ ја предупредија опозицијата да не го користи или поттикнува насилството и да седне на преговарачка маса.
Опозицијата бараше дозвола протестот да трае 48 часа, но полицијата го отфрли таквото барање.
На овој, според опозицијата, најмасовен протест досега, најавен дека „пишува историја“, не изостанаа повиците „Рама оди си“, „Рама криминалец“, како и транспаренти на кои Рама се идентифкува со Мадуро и со Чавез.
По ескалацијата на ситуацијата, претседателот Илир Мета реагираше и апелираше за воздржаност и избегнување на конфронтации.
– Претседателот на Републиката ја следи ситуацијата со загриженост. Тој апелира на мирни протести и воздржаност. Тој ги повикува сите да ја избегнат конфронтацијата и да се држат настрана од провокации – се наведува во апелот на Мета, кој се наоѓа во посета на Азербејџан.
Мета, дел од аналитичарите го критикуваа дека секогаш кога во Тирана имало масовен протест тој бил надвор од земјата, посочувајќи дека сега е во Азербејџан, а кога се одржуваше претходниот протест, тој беше во Црна Гора.
Ситуацијата пред Парламентот и понатаму е тензична. Медиумите јавуваат за повредени полицајци погодени со тврди предмети, но има и повредени демонстранти.